Купрум - рудник на (суб)култура

За проектот:

Здруженијата на граѓани Културно ехо и Сити скоп Скопје го реализираат овој проект со цел да се реактуелизира доставената иницијатива до Владата на Република Северна Македонија за ревитализација и пренамена на фабриката „Купрум“ во студентски град на културата.


Како еден од бројните изградени објекти од индустриско наследство во Република Северна Македонија, Купрум е појдовна точка во низата други, објект кој го има капацитетот да промовира интеркултурализам и кој претставува податлива подлога за формирање социо-културни врски меѓу неговите корисници.


Со негова пренамена во студентски град ќе придонесе кон децентрализирање на културно-образовната понуда надвор од централното градско подрачје и ќе биде дополнителен капацитет кој ќе може да одговори на културните потреби на градот.


Со низа активности, го прикажавме потенцијалот на оваа локација и можноста да прерасне во мултифункционален комплекс, кој би ги задоволил културолошки-едукативните потреби на младите со интегрирање во современата општествена стварност, а воедно и би придонел кон регенерирање на урбаното ткиво на градот.


Како дел од проектот се реализирани низа активности во период од три месеци:

  • Спроведена е дигитална анкета;

  • Организирана е изложба „Купрум рудник на (суб) култура“;

  • Издадена е публикација „Купрум рудник на (суб) култура“;

  • Спроведена е конференција на истата тема.


Очекуваме проектот да го отвори прашањето за иднината на овој простор, како во рамките на граѓанскиот сектор, така и во рамките на државниот апарат, воедно иницирајќи изработка на физибилити студија за можностите кои ги нуди овој простор преку негова реупотреба; студија која ќе даде одговор на сите отворени прашања како:

  • Еколошки предизвици (деконтаминирање ако се утврди дека е потребно);

  • Начини на финансирање;

  • Статика на објектот;

  • Анализа на локација;

  • Надлежности.

анкета:

Се обидовме да ги структурираме нашите размислувања за потребата од студентски град, како и можноста за пренамена на фабриката Купрум за таа цел, во една форма на онлајн истражување/анкетен прашалник.


Анкетата беше спроведувана во период од три недели, од 10 до 31 август на социјалните мрежи и на неа одговорија 443 испитаници. Прашалникот беше составен од прашања поврзани со неколку теми и тоа: Потребите на градот во контекст на младите, Студентски град и содржински аспект и Можноста за пренамена на фабриката Купрум во студентски град. Испитаниците имаа можност да изберат од повеќе понудени одговори (со заокружување), додека за некои од прашањата беше потребно да се одговорат описно (со пишан текст).


Сумирајќи ги резултатите, добивме мал увид во размислувањата на младите од 18 до 35 години (целната група) и нивните потреби во однос на градот, идејата за студентски град во Скопје, како и можностите за пренамена на напуштен објект за таа цел.


Графички прикази на дел од анкетниот прашалник:

Carousel imageCarousel imageCarousel image

Заклучок од анкетниот прашалник:

Од спроведеното истражување можеме да сумираме дека младите испитаници во однос на нивните потреби јасно посочуваат што им недостига како содржина во градот. Од друга страна пак, не се доволно информирани за потенцијалите кои ги има во нивната околина од типот на напуштени објекти кои можат да се пренаменат за млади. Зачудува фактот дека дел од нив подобро се запознаени со позитивни примери на пренамена на такви објекти во странство, како и тоа што сѐ треба да содржи еден модерен студентски град. Сепак, охрабрувачки е дека најголемиот дел би се приклучиле кон иницијатива (доколку ја има) за пренамена на објект во Студентски град или пак, во намена за млади и тоа најмногу преку волонтирање и споделување.

изложба:

Во состав на овој проект реализиравме „Изложба за индустрискиот комплекс Купрум“, која е поделена во три дела. Првиот дел се состои од фотографии на денешната состојба на фабриката, реализирани од Кристијан Караџовски – Културно Ехо. Во вториот дел од изложбата се прикажани два магистерски труда за пренамена и адаптација на фабриката Купрум, од Наташа Вчкова и Мирјана Лозановска. А во третиот дел се изложени програмски анализи за можно сценарио на пренамена на Купрум во студенстски град, изработени од страна на Сити Скоп Скопје.


Carousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel imageCarousel image

конференција:

Во состав на овој проект реализиравме конференција „Студентски град, сега!“ , која е со следната агенда:

  • Панел дискусија 1: Студентски град , потреба или луксуз за време на пандемија? Објаснување: Во првиот панел, дискусијата ќе се фокусира во општ контекст за потребата, намената, содржинскиот аспект за изградба на студентски град, и како тој би влијаел врз младинскиот/студентскиот стандард?

Учесници:

      • Бленди Ходаи (Претседател на Сојуз на средношколци)

      • Илија Станковски (основач на ЛЕАД Leaders for Education, Activism and Development)

      • Симона Димковска (Претседател на Културно Ехо)

      • Крсто Златков (SEAVUS Education & Development Center)

      • Бојан Петровски (Претседател на НМСМ)

  • Кратка промоција на публикацијата КУПРУМ РУДНИК НА [СУБ] КУЛТУРА

  • Панел дискусија 2: Скопје град на можности , видено низ примерот на напуштениот индустриски комплекс „Купрум“.

Учесници:

  • Александар Наумоски (Градоначалник на Општина Ѓорче Петров)

  • Роберт Алаѓозовски (Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка)

  • Јана Брсакоска (Претседател на здружение Сити Скоп-Скопје)

  • Гоце Коцевски (раководител на програма за правна помош и стратешко застапување во МЗМП)

  • Весна Радиновска (проектен координатор на НМСМ-Млади Хаб)

  • Александар Зарапчиев (организатор на Ехо фестивал на планински филм)


Проследете ја во целост на следниот линк >>>

Публикација:

Публикацијата „Купрум - рудник на (суб)култура“ претставува сублимација на истражувањето на проектот „Од напуштена фабрика до студентски град“.

Истата има за цел да ја образложи потребата од вакво истражување, да ја запознае пошироката јавност со комплексот „Купрум“, да ги потенцира проблемите околу неговата сегашност и да даде идеја за негова понатамошна реупотреба.

За таа цел, информациите содржани во оваа публикација, се поделени на 3 сегменти:

  • Минато

  • Сегашност

  • Иднина


Минато:

Преку минатото, односно историјата на комплексот Купрум се запознаваме со процесот на настанување на комплексот, односно факторите кои влијаеле врз неговото создавање. Првобитно преку создавањето на Пералиштето за хромна руда, преку неговото прераснување во индустриски комплекс Купрум, се до неговиот колапс во периодот на транзицијата во 90-тите години.


Сегашност:

Со прекинувањето на работата на Купрум, доаѓаме и до главната причина поради која компклесот Купрум се наоѓа во состојбата во којашто е денес. Иако со својот изглед привлекува и е инспирација за многу артисти, музичари, и графити уметници, сепак тој претставува девастирана, незаштитена, и контаминирана средина. Контаминираноста на оваа локација претставува опасност за локалното население, како и за животната средина воопшто, имајќи ја во предвид и близината на реката Вардар. Од овда најмногу произлегува и потребата за деконтаминација на овој комплекс, како и негова понатамошна реставрација, реконструкција и пренамена/реупотреба.


Иднина:

Идејата за пренамена на ваков тип на објекти не е нова, таа е веќе реализирана во многу држави. При нашето истражување, добивме сознанија дека оваа идеја е присутна и кај нас, и тоа конкретно за комплексот Купрум, за којшто се изработени и бројни студентски и магистерски трудови. Од нив ги одделивме магистерските трудови на Мирјана Лозановска и Наташа Вчкова. Сити Скоп изработи анализа на локацијата на која се наоѓа Купрум и предлог за тоа кои содржини би можеле да ги примат објектите на Купрум.


Проследете ја во целост публикацијата: „Купрум - рудник на (суб)култура“

Медиумска поддршка: